Продавница од луѓе што качуваат
Vertikal Sport продава опрема за качување и работа на висина: Petzl, Tenaya и Fjord Nansen. Зад продавницата стојат луѓе што качуваат, тренираат и работат со оваа опрема.
Што ни е важно
Точни информации. На секој производ ги пишуваме стандардите и податоците од упатството на производителот. Ако нешто не знаеме, пишуваме дека го проверуваме, наместо да погодуваме.
Совет пред купување. Не си сигурен меѓу две големини или два модели? Пиши ни. Ќе ти кажеме што одговара на твоето качување, дури и ако тоа е поевтиниот модел.
Едноставно купување. Плаќаш при достава, со уплата на сметка или ја подигаш опремата бесплатно во салата.
Салата
Опремата може да ја подигнеш бесплатно во Boulder Bar Скопје, ул. Лазар Личеноски 31/2, Скопје, секој ден 16 до 22 ч..
